СЕ ЗАТВОРААТ КОВИД-ЦЕНТРИТЕ НА КАРДИОЛОГИЈА, КЛИНИКИТЕ ЗА ОРЛ, ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ И НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА

    СЕ ЗАТВОРААТ КОВИД-ЦЕНТРИТЕ НА КАРДИОЛОГИЈА, КЛИНИКИТЕ ЗА ОРЛ, ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ И НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈАВо Ковид-центрите на Интерните клиники се лекуваат 75 пациенти. (Фото: К. Попов)

    Поради намалениот број на ковид позитивни пациенти, утрово се затворени Ковид-центрите на Клиниката за кардиологија, Клиниката за уво, нос и грло (ОРЛ), Клиниката за очни болести и на Институтот за физикална терапија, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на неделава, без ковид пациенти се и Клиниките за урологија и за Пластична хирургија кои веќе почнаа со редовна хируршка програма.
    В петок ќе се затвори и Ковид-центарот на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ и од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија започнуваат со редовна хируршка програма.

    Во изминатите 24 часа, во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваат 258 болни. Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 9 приеми. Во Градската општа болница (ГОБ) „ 8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти. Во Ковид-центрите на Интерните клиники се лекуваат 75 пациенти.

    Во „8 Септември“ има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 89 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19.

    На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 649 и има околу 900 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира