СЕ ЗАТВОРААТ КОВИД-ЦЕНТРИТЕ НА КОЖНО И НЕВРОЛОГИЈА, ЗАРАЗЕНИ ПАЦИЕНТИ ЌЕ ПРИМААТ ИНФЕКТИВНА И ИНСТИТУТОТ ЗА ТБЦ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    СЕ ЗАТВОРААТ КОВИД-ЦЕНТРИТЕ НА КОЖНО И НЕВРОЛОГИЈА, ЗАРАЗЕНИ ПАЦИЕНТИ ЌЕ ПРИМААТ ИНФЕКТИВНА И ИНСТИТУТОТ ЗА ТБЦ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ„Жал ми е што спласна интересот за вакцинација против ковид-19 и нема за кратко време да постигнеме 70-80 проценти опфат“, вели министерот. - Од вакцинацијата во „Букурешт“. (Фото: К. Попов)

    Од почетокот на следната недела се затвораат Ковид-центрите на Кожната клиника и на Неврологија, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Министерот рече дека засега не се планираат дополнителни мерки и рестрикции во пресрет на новогодишните празници, дека болниците се растоварени од ковид пациенти, и дека од следната недела, со ковид пациенти ќе работат Клиниката за инфективни болести и Институтот за белодробни заболувања.

    „Сметаме дека ова што е сега препорака, во однос на излез и влез во земјата, да се бара целосна вакцинација, ПЦР тестирање или потврда за прележан ковид е сосема доволно. Сметам дека опфатот со вакцината, според новиот попис, кој е меѓу 50 и 55 отсто ако се исклучат децата, сепак е висок процент. Жал ми е што спласна интересот и нема за кратко време да постигнеме 70-80 проценти опфат. Тоа што болниците се растоварени, дополнително ни дава за право да сметаме дека ситуацијата е мирна. Нормално, не може да предвидиме како ќе биде, дали нова варијанта на вирусот ќе придонесе да се влоши епидемиолошката ситуација, затоа акцент ставаме на вакцинацијата. Има официјални податоци од студии дека значајно се зголемува ефикасноста против омикрон кога се прима третата бустер доза. Инсистираме вакцинацијата да продолжи, граѓаните кои се вакцинирани со две дози да ја примат и третата. Сметаме дека е тоа е излезот од кризата“, рече Филипче по посетата на Клиниката за ортопедија.

    Вкупно ковид дијагностицирани досега се 221.744, од кои здравени се 208.724,  починаа 7.838, а активни се  5.182 болни.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира