СЕ ЗАТВОРААТ СИТЕ КОВИД-ЦЕНТРИ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ, ПАЦИЕНТИ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПРИМААТ САМО НА ИНФЕКТИВНА И НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТУБЕРКОЛОЗА

    СЕ ЗАТВОРААТ СИТЕ КОВИД-ЦЕНТРИ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ, ПАЦИЕНТИ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПРИМААТ САМО НА ИНФЕКТИВНА И НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТУБЕРКОЛОЗАНа Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти. (Фото: К. Попов)

    Денес се затвораат сите Ковид-центри на Интерните клиники поради намалениот број на пациенти со компликации од ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во  Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за туберколоза и белодоробни заболувања и Клиниката за инфективни болести.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти, а вкупно лежат 142 лица болни. Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2 приеми. Во Градската општа болница (ГОБ) „ 8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Инфективната клиника. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Во Ковид-центрите на Интерните клиники се лекуваат 25 пациенти.

    Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.

    „Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, додаваат од Министерството.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-ентрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 237 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти,  во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 43 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 16, во Гостивар 7, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица.

    На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 379 и има околу 614 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира