СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАМАЛЕНА ЗА 45,8 ОТСТО

    СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАМАЛЕНА ЗА 45,8 ОТСТООд 31 мај до 6 јуни регистрирани се 155 нови позитивни случаи со намалување од 29,5% во однос на минатата недела. (Фото: К. Попов)

    Од 31 мај до 6 јуни од ковид-19 починале 13 лица од 6 градови, 45,8% помалку во однос на претходната недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 9 лица биле над 60 години, 3 лица на возраст од 50-59 години и едно лице од 40-49 години.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се 155.418, оздравени се 149.496, починаа 5.458, а активни случаи се 464.

    Според Институтот, oд 31 мај до 6 јуни,  тестирани се 19.672 материјали, со зголемување од 9,1% во однос на минатата недела. Регистрирани се 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (65; 41,9%), со неделна инциденца – 10,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.

    Процентот на позитивност се движи од 0,1% до 1,4%, просечно 0,7%.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (52, 33,5%). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (26; 16,8%), 40-49 (25; 16,1%), 30-39 (20; 12,9%) и 20-29 (18; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (4; 2,6%) и 10-19 години (10; 6,5%).

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 465 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 30,8% во споредба со минатата недела.

    Во однос на вакцинацијата против ковид-19, Институтот наведува дека заклучно со 6 јуни, аплицирани се следните дози:

    • 60.526 дози на „Фајзер“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза),

    • 45.168 дози на „спутник“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза),

    • 32.875 дози на „АстраЗенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и

    • 251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).

    Заклучно со 6 јуни, вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира