ТАЖНО Е ШТО РАНОТО ДЕТЕКТИРАЊЕ НА РАК НА ДОЈКА Е НАМАЛЕНО ЗА 40 ОТСТО ВО КОРОНАКРИЗАТА, ВЕЛИ АМБАСАДОРКАТА БРНЗ

    ТАЖНО Е ШТО РАНОТО ДЕТЕКТИРАЊЕ НА РАК НА ДОЈКА Е НАМАЛЕНО ЗА 40 ОТСТО ВО КОРОНАКРИЗАТА, ВЕЛИ АМБАСАДОРКАТА БРНЗАмбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, Биба Додева од „Борка“ и министерот за здравство Венко Филипче на денешниот настан „Напред розово“. (Фото: Министерство за здравство)

    Тажно е што за 40 проценти е намалено раното дијагностицирање на рак на дојка поради ковид пандемијата, рече американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на денешната 13. трка „Напред розово“ во Скопје.

    „Последнава година и пол нѐ научи на важноста на здравјето, но истовремено имаше огромно влијание врз примарната заштита и врз барањата на граѓаните за рана дијагноза. Многу од нас, или лично или преку член на семејството сме допрени од оваа болест, рак на дојката“, рече амбасадорката.

    Затоа, како што вели Биба Додева од Здружението за борба против ракот „Борка- за секој нов ден“, треба да продолжи континуираниот скрининг за рак на дојка, т. е. проблемот кој се појави во коронакризата да биде надминат и пациентите да имаат непречени дијагностички прегледи.

    Во земјава годишно се регистрираат по 700 до 800 случаи на рак на дојка и 250 смртни случаи, рече денеска д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Од 2015 година во земјава е воведен организиран скрининг, а сите жени од 50 до 69 годишна возраст можат да се јават на бесплатен превентивен преглед.

    „Досегашните резултати покажуваат дека 84.2 проценти од жените кои биле скенирани преку скрининг програмата, а сепак се заболеле, се жени кои претходно направиле мамографски преглед. Со вториот мамографски преглед веќе е откриена болеста и за нив се преземени мерки за лекување“, рече Ќосевска.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира