Олимписки приказни

Олимписки приказни

„БИЛД“ ЈА ИЗБРИША РУСИЈА ОД ТАБЕЛАТА СО МЕДАЛИ ВО РИО, РУСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ОБВИНИ ЗА СУЕВЕРИЕ

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин смета дека германскиот весник „Билд“ покажал исклучително суеверие, кога ја објавил конечната листа на освојувачи на медали на Олимпијадата во Рио де Жанеиро, но не ги спомнал и руските победници. „За русофобите, Русија е исто што и 13. ред за суеверните авиокомпании“, напиша Рогозин на неговиот профил на Фејсбук. За илустрација на неговиот пост тој стави фотографија...

РИО ГО ПРЕДАДЕ ОЛИМПИСКОТО ЗНАМЕ НА ТОКИО НА КАРНЕВАЛСКА ЦЕРЕМОНИЈА НА ЗАТВОРАЊЕ НА ИГРИТЕ

Летните олимписки игри во Рио официјално завршија ноќеска и олимпиското знаме беше предадено на Токио, кој ќе биде домаќин на следното издание на Игрите во 2020 година. Олимпиското знаме беше собрано и здиплено на легендарниот стадион „Маракана“ за време на церемонијата на затворање, која наликуваше на карневал. Градоначалникот на Рио де Жанеиро Едуардо Паеш му го врати знамето на...

БЕЛГРАД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДОЧЕК НА ОЛИМПИЈЦИТЕ КОИ ОСВОИЈА ОСУМ МЕДАЛИ ВО РИО

Српските ватерполисти го освоија златниот медал на Игрите во Рио, комплетирајќи ја колекцијата со трофеи, бидејќи по европските и светските титули им недостасуваше само олимписки триумф. Ноќеска на Олимпијадата, покрај ватерполистите, кои славеа со 11:7 во финалето против Хрватска, српските одбојкарки освоија сребро, а кошаркарките бронза, со што Србија стигна до бројката од седум медали во Рио. Обезбеден е...

ЛОКТИ ПРИЗНА ДЕКА ЛАЖЕЛ И СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗМИСЛЕНИОТ ГРАБЕЖ ВО РИО

Рајан Локти, 12-кратниот освојувач на олимписки медали, кој тврдеше дека бил ограбен од лица преправени во полицајци во Рио минатиот викенд, денеска се извини за неговото однесување, потег што фрли сенка на неговиот успешен настап на Олимписките игри. Извинувањето дојде дури откако други двајца американски пливачи во официјални изјави за бразилското обвинителство го опишаа Локти како пијан и недисциплиниран, велејќи...

ФЕЛПС ГО ПОМИНА ПРВИОТ ДЕН ВО ПЕНЗИЈА ВО БАЗЕН, НО ОВОЈПАТ СО СИН МУ БУМЕР

Мајкл Фелпс рече дека засекогаш раскрстил со базенот, но се чини дека пливањето е навика од која тешко ќе се оттараси. Олимписката легенда вчера се врати дома во Мериленд. Првото нешто што го направи Фелпс беше оладување во базен со свршеницата Никол Џонсон и нивниот син Бумер. На фотографијата од семејниот момент што тој ја објави на Инстаграм, тројцата симпатично се...

УАПСЕН ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА ИОК ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА КАРТИ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА

Висок функционер на Меѓународниот олимписки комитет од Ирска беше однесен во болница денес откако полицијата го уапси во неговиот хотел во Рио по обвинение за нелегална препродажба на билети. Патрик Хикни, член на извршниот одбор на ИОК е обвинет за заговарање со уште најмалку деветмина нелегално да препродаваат билети за Олимписките игри во Рио. Вмешаноста на Хикни била преку Ирскиот олимписки...

СУДИЈА ВО РИО НАРЕДИ ЗАПЛЕНА НА ПАСОШОТ НА ЛОКТИ, ТАТКО МУ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРАТЕН ВО САД

Таткото на американскиот пливач Рајан Локти рече дека неговиот син, кој освои златен медал на Олимпијадата во Рио, се вратил во САД пред да стигне наредбата од бразилски судија дека Локти и уште еден член на олимпискиот тим на САД, Џими Фејген, треба да останат во Бразил додека властите ја водат истрагата по нивната пријава дека биле ограбени за...

АМЕРИКАНСКИТЕ ОЛИМПИЈЦИ МОРА ДА ПЛАТАТ ДАНОК ЗА ОСВОЕНИТЕ МЕДАЛИ ВО РИО

Некои работи се гарантирани во животот: олимписки медал не е една од тие работи, но сигурно е дека има данок за него, барем за спортистите од САД во Рио годинава. Без разлика каде ќе ги заработат парите, или златото, тие ќе платат данок. Американските спортисти кои се натпреваруваат на Олимпијадата во Рио ќе треба да платат данок според вредноста на...

КИНЕСКАТА ОЛИМПИЈКА ЗИ ОСТАНА БЕЗ ЗЛАТЕН МЕДАЛ, НО ДОБИ ПРЕДЛОГ ЗА БРАК СО ДИЈАМАНТСКИ ПРСТЕН

Кинеската олимпијка Хе Зи за малку не освои златен медал во дисциплината скокови во вода на Игрите во Рио, но доби дијамантски прстен откако нејзиното момче, исто така, кинески олимпиец и предложи брак. Зи изгледаше шокирано, кога партнерот Кин Каи ја прекина церемонијата на доделување медали, на кој таа го прими сребрениот медал, за да клекне и да и...

БОЛТ ЗАРАБОТУВА 33 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО, 20 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД КОЈ БИЛО ДРУГ АТЛЕТИЧАР

Богатството на Јусеин Болт е проценето на 60 милиони долари и годинава се очекува да биде меѓу 30-мината најплатени спортисти на планетата со заработка од 33 милиони долари. Последната листа на „Форбс“ со славни личности го рангираше јамајканскиот спринтер на 91. место. За контекст, тој е единствениот атлетичар меѓу најбогатите 100 спортисти и заработува 20 пати повеќе од просечниот...