НЕ ВЕРУВАВ ДЕКА СО ТРЧАЊЕ ПО ПОЛСКИ ПАТИШТА ЌЕ СТИГНАМ ДО ОЛИМПИЈАДА, СОНОТ НА РИСТЕ ПАНДЕВ СЕ ОСТВАРИ

Сонот на атлетичарот Ристе Пандев од струмичко Ново Коњарево да настапи на Олимписки игри се оствари. 22-годишниот спринтер деновиве ќе трча на 100 метри на Игрите во Рио, рамо до рамо со најбрзите луѓе на светот, меѓу кои и Јусеин Болт. Токму учеството на Олимписките игри беше мотивот за ова момче, кое шест години интензивно тренира во родното село,...

БЕЛГРАД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДОЧЕК НА ОЛИМПИЈЦИТЕ КОИ ОСВОИЈА ОСУМ МЕДАЛИ ВО РИО

Српските ватерполисти го освоија златниот медал на Игрите во Рио, комплетирајќи ја колекцијата со трофеи, бидејќи по европските и светските титули им недостасуваше само олимписки триумф. Ноќеска на Олимпијадата, покрај ватерполистите, кои славеа со 11:7 во финалето против Хрватска, српските одбојкарки освоија сребро, а кошаркарките бронза, со што Србија стигна до бројката од седум медали во Рио. Обезбеден е...

СИРИСКА БЕГАЛКА ЌЕ ПЛИВА ВО РИО ОТКАКО ПЛИВАШЕ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ

Минатата година, Сиријката Јусра Мардини мораше да плива за својот живот, откако се најде на претоварен чамец во Егејското море во обид да стигне до Европа, а за неколку дена 18-годишната бегалка ќе настапи на Олимписките игри во Рио. По трауматичното бегство од Дамаск, таа ќе биде дел од првиот олимписки тим составен од бегалци на Игрите во Рио, кои...

ФЕЛПС Е НАЈДОБРИОТ ОЛИМПИЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 2.168 ГОДИНИ, ИЗРАМНИ РЕКОРД ОД 152 П.Н.Е.

Со последните два златни медали на Игрите во Рио, најтрофејниот олимпиец Мајкл Фелпс стигна до бројката од 21 злато во кариерата и вкупно 25 медали. Американскиот пливач вчера триумфираше на 200 метри пеперутка, што беше негов 12. златен медал во индивидуална конкуренција на олимпијадите, израмнувајќи се со најуспешниот спортист од античките олимпијади, Леонидас од Родос. Овој податок го откри олимпискиот историчар...

„БИЛД“ ЈА ИЗБРИША РУСИЈА ОД ТАБЕЛАТА СО МЕДАЛИ ВО РИО, РУСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ОБВИНИ ЗА СУЕВЕРИЕ

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин смета дека германскиот весник „Билд“ покажал исклучително суеверие, кога ја објавил конечната листа на освојувачи на медали на Олимпијадата во Рио де Жанеиро, но не ги спомнал и руските победници. „За русофобите, Русија е исто што и 13. ред за суеверните авиокомпании“, напиша Рогозин на неговиот профил на Фејсбук. За илустрација на неговиот пост тој стави фотографија...

СУДИЈА ВО РИО НАРЕДИ ЗАПЛЕНА НА ПАСОШОТ НА ЛОКТИ, ТАТКО МУ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРАТЕН ВО САД

Таткото на американскиот пливач Рајан Локти рече дека неговиот син, кој освои златен медал на Олимпијадата во Рио, се вратил во САД пред да стигне наредбата од бразилски судија дека Локти и уште еден член на олимпискиот тим на САД, Џими Фејген, треба да останат во Бразил додека властите ја водат истрагата по нивната пријава дека биле ограбени за...

ЕГИПЕТСКИ ЏУДИСТ ИСВИРКАН ОТКАКО ОДБИ ДА СЕ РАКУВА СО ПРОТИВНИК ОД ИЗРАЕЛ

Египетскиот џудист Ислам Ел Шехаби беше гласно исвиркан од публиката на Олимписките игри во Рио по неговиот дуел со Израелецот Ор Сасон, бидејќи одби да се ракува со противникот, што е тежок прекршок на традицијата во спортот. Сасон го совлада Ел Шехаби со две фрлања на подот за автоматска победа на околу минута и пол до крајот на борбата. Потоа,...

ЕДЕН САМОСЛИК ВО РИО НА КРАТКО ГИ ОБЕДИНИ ЈУЖНА И СЕВЕРНА КОРЕЈА

Еден едноставен самослик направен од две млади олимписки гимнастичарки веќе стана еден од најпрепознатливите моменти на Игрите во Рио. Јужнокорејката Ли Јун Џу и Севернокорејката Хонг Ун Џонг изгледаа како воопшто да не ги интересира непријателството помеѓу нивните земји. Двојката беше забележана како си разговара опуштено со чести насмевки додека се подготвуваа за натпреварот во ритмичка гимнастика. Неколку моменти подоцна...

„ШАРЛИ ЕБДО“ ГИ ИСМЕА СУСПЕНДИРАНИТЕ РУСКИ СПОРТИСТИ, РУСИТЕ ГНЕВНИ

Повеќе од една третина од 387-те руски спортисти коишто требаше да учествуваат на Олимпијадата во Рио се суспендирани поради допинг и како одговор, казнетите атлетичари си организираа „алтернативни Олимписки игри“ во Москва, а претседателот Владимир Путин тврди дека неговата земја е жртва на политички заговор. И додека Русите првично реагираа на извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) со циничен хумор,...

БОЛТ ЗАРАБОТУВА 33 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО, 20 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД КОЈ БИЛО ДРУГ АТЛЕТИЧАР

Богатството на Јусеин Болт е проценето на 60 милиони долари и годинава се очекува да биде меѓу 30-мината најплатени спортисти на планетата со заработка од 33 милиони долари. Последната листа на „Форбс“ со славни личности го рангираше јамајканскиот спринтер на 91. место. За контекст, тој е единствениот атлетичар меѓу најбогатите 100 спортисти и заработува 20 пати повеќе од просечниот...