БРИТАНСКАТА ВЛАДА СЕ СОМНЕВА ДЕКА РУСКИТЕ ХУЛИГАНИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ПУТИН, КРЕМЉ ЕКСПРЕСНО ДЕМАНТИРАШЕ

    БРИТАНСКАТА ВЛАДА СЕ СОМНЕВА ДЕКА РУСКИТЕ ХУЛИГАНИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ПУТИН, КРЕМЉ ЕКСПРЕСНО ДЕМАНТИРАШЕ

    Високи функционери во британската влада се плашат дека насилството предизвикано од руските хулигани на Европското првенство во фудбал во Франција било одобрено од Кремљ и во тек е истрага за нивна поврзаност со рускиот претседател Владимир Путин, објави „Гардијан“.
    Весникот открива дека дека значителен број од инволвираните руски навивачи во нападите врз англиските фанови во Марсеј и во Лил биле идентификувани како припадници на униформираните служби во Русија. Британската влада претпоставува дека одобрувањето на хулиганизмот е продолжување на руската „хибридна војна“, како дел од тактиката да се демонстрира руската сила и да се изгради наратив за домашната публика дека остатокот од светот е против Русија.
    Извор од британската влада за „Обзервер“ изјави дека социјалните мрежи биле следени за да се утврди позадината на руските хулигани.
    „Тешко е да се докаже дека ова било одобрено од Кремљ, но можевме да видиме дека дел од нив се во униформираните служби во Русија. Ова изгледа како продолжување на хибридната војна од страна на Путин“, кажа изворот.
    Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, веднаш одговори на обвинувањата изнесени во британските медиуми.
    „Ова е само уште еден пример за антируската хистерија“, изјави Песков за „Интерфакс“.
    Во петокот, Путин со потсмев ги отфрли обвинувањата дека руските хулигани се најодговорни за насилството на Европското првенство во Франција.
    „Не знам како можат 200 руски навивачи да повредат неколку илјади Англичани“, изјави рускиот претседател.
    Најголемите инциденти на Европското првенство се случија на самиот старт, кога на улиците и на стадионот во Марсеј имаше тепачки помеѓу руските и англиските навивачи. За нередите на „Велодром“ за време на натпреварот Англија-Русија, УЕФА ја казни Руската фудбалска федерација со 150.000 евра и условна дисквалификација од шампионатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари