ЈАНЕВА, ЗВРЛЕВСКИ И ДОДЕВСКИ НА ОДДЕЛНИ СРЕДБИ ВО ВРХОВНИОТ СУД СО ВАНГЕЛОВСКИ

    ЈАНЕВА, ЗВРЛЕВСКИ И ДОДЕВСКИ НА ОДДЕЛНИ СРЕДБИ ВО ВРХОВНИОТ СУД СО ВАНГЕЛОВСКИ

    Во Врхoвниот суд почнаа средбите на новиот претседател на Судот Јово Вангеловски со Јавниот обвинител Марко Зврлевски, претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски и Специјалната обвинителка Катица Јанева. При давањето свечена заклетва на 15 март, кога ги најави овие средби, Вангеловски кажа дека сите ќе имаат еднаков третман пред Врховниот суд.

    Врховниот суд се уште не почнал да го разгледува Барањето за заштита на законитоста на постапката за спогодбата на осудениот разузнавач Звонко Костовски со Обвинителството на Зврлевски во случајот „Пуч“ и пет месеци откако Специјалното јавно обвинителство го поднесе. Со БЗЗ-то, највисокиот суд треба да испита дали спогодувањето за признавање на делото било според законот.

    По средбата со Зврлевски, прва од трите, на новинарско прашање зошто предметот за ексразузнавачот Звонко Костовски, за кој СЈО до Врховниот суд поднесе БЗЗ, патува од кај Зврлевски до Врховниот суд пет месеци, Вангеловски одговори:

    “Прибавувањето на предмети не е во надлежност на Врховниот суд, туку на подносителот на Барањето”.

    На пладне Вангеловски ќе се сретне со Додевски, кој е адвокат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во случаите на СЈО, а средбата со Јанева е закажана за 13 часот.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира