НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СЕ ПОЖАЛИ НА ОБСЕ ДЕКА НЕМА ПАРИ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СЕ ПОЖАЛИ НА ОБСЕ ДЕКА НЕМА ПАРИ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИПоради недостаток на кадар доведено е во прашање мониторирањето на изборниот процес, како и отворањето на бесплатната телефонска линија за престојните локални избори, вели Народниот правобранител Иџет Мемети; - од средбата со мисијата на ОБСЕ во Македонија

    Народниот правобранител Иџет Мемети на денешната средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, изјави дека поради недостаток на кадар доведено е во прашање мониторирањето на изборниот процес, како и отворањето на  бесплатната телефонска линија за престојните локални избори. Како што соопшти негивата канцеларија, Омбудсманот сепак истакнал дека на граѓаните сепак ќе им се овозможи заштита на нивното избирачкото право, во согласност можностите.

    „Правобранителот г.Мемети информираше дека видно е подобрена комуникацијата на органите/институциите кои се мониторираат од страна на Народен правобранител, но и дека покрај направените законски измени поради недостаток на капацитети и неусогласеност на правната регулатива, оневозможена е нивната  практична примена“, соопшти канцеларијата на Народниот правобранител.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари