НЕМА ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ, ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТ

    НЕМА ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ, ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТСашо Мијалков доаѓа на распит во СЈО на 16 јуни (Фото: СДК.МК)

    Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1, ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на обвинетите Сашо Мијалков, ексдиректор на УБК и на ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски да им биде одреден притвор. Место тоа, советот одлучил како мерка за претпазливост да им бидат одземени пасошите, со обврска еднаш во неделата да се јавуваат на надлежно лице во Основниот суд Скопје 1.

    Ова е за случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во еден предмет.

    Уште тројца обвинети за нелегалното прислушување ја добиле истата мерка.

    За „Титаник“, пак, кај што се бара притвор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски, но и за ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и покрај тоа што истече рокот од 24 часа, Судот вели дека одлуката ќе ја објави подоцна.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира