СЈО ВЛЕЗЕ ВО МПМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ВЛЕЗЕ ВО МПМ

    Истражители на СЈО денеска влегоа во медиумската куќа Медиа Принт Македонија (МПМ), сопственик на весниците Дневник, Вест, Утрински весник и магазинот Теа модерна и Македонски спорт, потврдија од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Во СЈО не откриваат детали со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.

    Сопственик на МПМ до вчера беше Графички центар Скопје (ГЦС), кој беше во сопственост на Орка Холдинг на најбогатиот Македонец Јордан (Орце) Камчев, фирмата Мирекс на Срѓан Керим, кој лани беше македонски кандидат за Генерален секретар на Обединети нации и Интернет инвестмент груп, која до пред неколку месеци беше во сопственост на српскиот биснисмен Веселин Јевросимовиќ, а сега нејзината сопственост е нејасна. Вчера, Интернет инвестмент груп и Орка Холдинг соопштија дека ги продале своите удели во ГЦС за номинална вредност, но не кажаа кој е новиот сопственик. Управител на МПМ е Јана Станисављева.

    Новинарите и медиумските работници во Дневник, Утрински весник и Вест денеска стапија во штрајк, поради доцнење на платите и хонорарите.

    На 29 август лани на распит во СЈО беше повикан и дојде и Камчев, но СЈО и тогаш не кажа во кое својство и за кој случај тој бил повикан.

    На нашето прашање дали и денешното влегување во МПМ е поврзано со тој случај, СЈО одби да коментира.

    Коментари