СО ДВА ЧАТАЛА СЕ РЕШЕТА ФАСАДАТА НА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО ДВА ЧАТАЛА СЕ РЕШЕТА ФАСАДАТА НА ВЛАДА

    Шарената револуција стигна пред Влада. Со два чатала истовремено се решета скапата фасада. Балоните со боја стигнуваат дури и до главниот влез на Владата. „Многу ни е добар чаталот“ скандираат шарените и извикуваат „Ура“ по секој погодок.

    Демонстрантите решија денес да не ја откриваат трасата по која ќе се двжат во знак на револт од односот на полицијата кон нив.

    „Досега уредно пријавувавме каде ќе се движиме, а МВР постојано ни правеше проблеми во трасата. Вечерва не кажуваме каде одиме, МВР нека не наоѓа“, велат демонстрантите.

    „Ќе се чаталиме до слобода“, напишаа денес шарените револуционери на големиот транспарент. Се собраа пред Специјалното јавно обвинителство но не тргнаа кон Собрание туку во спротивната насока. Се движеа по улицата „Ленинова“ или по ново „Аминта Трети“, каде што воопшто нема полиција, а потоа преку„ Партизанска“ и „Климент Охридски“ стигнаа пред Влада.

    Возачот на комбето кој доцна синоќа беше приведен во полициската станица „Пролет“, денес е со демонстрантите. Од разгласот и вечерва пушта музка за шарените револуционери.

    „По вчерашниот протест, продолжија приведувањата како мерка за заплашување и пригушување на отпорот. Овој пат приведен е возачот на комбето чиј разглас го користиме да сме погласни на протестот. Со секое нивно заплашување стануваме побројни, похрабри и поистрајни во борбата“, напишаа денес на Фејсбук профилот организаторите од „Протестирам“ и уште еднаш повторија дека остануваат на улица се до целосно разрешување на кризата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари