ВО ТУРЦИЈА ОДЕТЕ САМО ВО ХОТЕЛИ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ, ПРЕПОРАЧУВА ТУРИСТИЧКАТА КОМОРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО ТУРЦИЈА ОДЕТЕ САМО ВО ХОТЕЛИ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ, ПРЕПОРАЧУВА ТУРИСТИЧКАТА КОМОРА

    Сите македонски туристи кои планираат да ја посетат Турција во наредните десет дена, да престојуваат исклучиво во хотели и капацитети со пет ѕвезди, изјави денеска претседателот на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Аркан Керим, пренесе МИА.
    Како што истакна Керим на прес-конференција, голем е бројот на македонски туристи што моментно престојуваат во Турција и сите се чувствуваат безбедно. Сепак, подвлече Керим, ситуацијата ќе биде појасна за десетина дена.
    „Постојано ја следиме состојбата во Турција, секојдневно контактираме со турските туристички агенции и со Министерството за надворешни работи. Моментно ситуацијата не е како што треба и затоа препорачуваме секој што планира да ја посети земјата во наредните десет дена, да престојува во хотели со пет ѕвезди зашто тие се побезбедни, нагласи Керим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари