СКОПЈАНЕЦ ИСТЕПАЛ КОМУНАЛЕН РЕДАР ОТИ МУ ПИШАЛ КАЗНА ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ТРЕВА

    СКОПЈАНЕЦ ИСТЕПАЛ КОМУНАЛЕН РЕДАР ОТИ МУ ПИШАЛ КАЗНА ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ТРЕВАИнспекторите и редарите физички да бидат нападнати, а секојдневно се соочуваат со закани и одбивање да се легитимираат лицата кои направиле прекршок- Архивска фотографија од паркирани коли во Градски парк.

    Комунален редар од Град Скопје минатиот викенд бил истепан од граѓанин на кој му пишал казна оти се паркирал во зеленило во населбата Аеродром. Комуналните редари вршеле контрола низ општината и на булеварот Јане Сандански затекнале возило паркирано во трева. Пишувајќи казна за непрописно паркирано возило, редарите биле физички нападнати.

    „Нашите редари и инспектори можат да пишуваат казни за паркирање во зеленило, додека за непрописно паркирање на улица немаме надлежност. Додека пишувале казна сопственикот на возилото оставено во трева го нападнал едниот редар и му удрил бокс. Направен е записник и случајот е пријавен во полиција“, вели раководителот на Инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски.

    Богдановски вели дека ова не е прв пат инспекторите и редарите физички да бидат нападнати, а секојдневно се соочуваат со закани и одбивање да се легитимираат лицата кои направиле прекршок.

    „За решавање на овој проблем под итно е потребно да се формира комунална полиција. Комуналните редари, па и инспекторите имаат проблеми, лицата кои ќе ги затекнат како прават одреден прекршок не сакаат да се легитимираат за да може да им пишат казна. Полицијата во овој случај би имала многу поголеми овластувања, ќе можат да приведуваат и ќе работат 24 часа, а би требало да бидат и поголеми казните од оние што ги имаат редарите според Законот за јавна чистота“, додава Богдановски.

    Законот за комунална полиција како што вели Богдановски службите од Град Скопје уште пред неколку месеци го изготвиле и го дале до надлежните министерства на усогласување, но уште не е одобрен ниту ставен на разгледување на владина седница.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира