„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НОМИНИРАН ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ

    „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НОМИНИРАН ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИЕвропските филмски награди ќе бидат доделени во Берлин на 7 декември

    Победникот на Санденс „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец на Европските филмски награди, што ќе бидат доделени во Берлин на 7 декември.

    Европската филмска академија денеска во Севилја ги објави имињата на номинираните филмови во сите категории и „Медена земја“ за конкуренти ќе ги има „Сведоците на Путин“ (Русија), „За Сама“ (Велика Британија/САД), „Исчезнувањето на мојата мајка“ (Италија/САД) и „Селфи“ (Франција/Италија).

    Од премиерата и големиот триумф на Санденс, најголемиот американски фестивал за независен филм, „Медена земја“ освои уште девет награди на фестивалите низ светот. Од нив, победата на ДокАвив во Тел Авив директно го квалификуваше за номинација за Оскар за најдобар долгометражен документарен филм.

    Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Митевска Стругар беше во поширок избор за најдобар европски филм, но на крајот не беше номиниран. За главната награда ќе се борат „Офицер и шпион“ на Роман Полански, „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, „Предавник“ на Марко Белокио, „Миленичка“ на Јоргос Лантимос и „Мизерните“ на Лаџ Ли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира