Министерството за внатрешни работи потврди дека 15 лица се загинати, а шест други се водат како исчезнати по синоќешното невреме што го зафати скопскиот регион. Најголем дел од жртвите се од населбите Синѓелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.
Итната медицинска помош соопшти дека имале 65 интервенции во Скопје, од кои кај 12 лица била констатирана смрт. 11 лица побарале помош во Ургентниот центар, каде едно дете било донесено мртво. Уште 15 граѓани побарале помош побарале помош во болницата „Св. Наум Охридски“ и 24 во болницата „8 Септември“.
Управата за хидрометеоролошки работи јави дека во изминатите 24 часа во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен, најмногу во Македонија. Прогнозата за денеска е дека времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови.