ИСТРАЖИТЕЛИ НА ВИЛМА РУСКОВСКА ПРОВЕРУВААТ ДОКУМЕНТИ ВО СЈО ЗА ЈАВНО ОБЈАВЕНИТЕ ИСПЛАТИ

    ИСТРАЖИТЕЛИ НА ВИЛМА РУСКОВСКА ПРОВЕРУВААТ ДОКУМЕНТИ ВО СЈО ЗА ЈАВНО ОБЈАВЕНИТЕ ИСПЛАТИФинансиската истрага на Обвинителството за организиран криминал следува по објавувањето на примањата на вработените во СЈО во владината датабаза „Отворени финансии“. (Фото: СДК.МК)

    Истражители на Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска влегоа во просториите на Специјалното јавно обвинителство да ја проверат документацијата за исплати на тамошните вработени, објавени во владината датабаза „Отворени финансии“, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Финансиската истрага е да се утврди дали исплатите на додатоци надвор од платата биле законски.

    Според податоците на „Отворени финансии“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега во домашен притвор за „Рекет“, зела вкупно 157.000 евра разни додатоци, надвор од редовната плата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира