Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во група со Холандија, Украина и Австрија на Европското првенство во 2020 година, ако успее да се пласира.
Македонија го освои третото место во својата квалификациска група, со што не обезбеди пласман на ЕП, но дополнителна шанса има преку Лига на нации, натпреварување што УЕФА го покрена минатата година. На 26 март, најдобрите македонски фудбалери ќе го пречекаат Косово на домашен терен и доколку победат, одат на подобриот од дуелот Грузија-Белорусија. Овој меч би се играл на теренот на противникот.
Европското првенство ќе се игра од 12 јуни до 12 јули во 12 земји, а ждрепката на групите се одржа денеска во Букурешт.
А-група: Турција, Италија, Велс, Швајцарија.
Б: Данска, Финска, Белгија, Русија.
Ц: Холандија, Украина, Австрија, Грузија/Белорусија/Македонија/Косово.
Д: Англија, Хрватска, Чешка, Шкотска/Израел/Норвешка/Србија.
Е: Шпанија, Шведска, Полска, БиХ/Северна Ирска/Словачка/Ирска.
Ф: Португалија, Франција, Германија, Исланд/Романија, Бугарија/Унгарија.