„ВИНТЕРЛЕНД“ СЕ ОТВОРА В ПЕТОК, ЕЛКАТА НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ЌЕ БИДЕ ДИГИТАЛНА

    „ВИНТЕРЛЕНД“ СЕ ОТВОРА В ПЕТОК, ЕЛКАТА НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ЌЕ БИДЕ ДИГИТАЛНАОд синоќа улиците и булеварите низ градот се украсени со новогодишни светилки. Новогодишното украсување чини 270.000 евра, а „Винтерленд“ 97.000 евра. - Градоначалникот Петре Шилегов (Фото: Град Скопје)

    Новогодишната населба „Винтерленд“ ќе биде отворена в петок, а музичка програма за деца и возрасни ќе има секој ден до 31 декември. Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека и годинава на центарот на градот ќе бидат поставени куќарки во кои ќе се продаваат новогодишни украси, храна и пијалоци. Новогодишната населба ќе биде долж новиот плочник кој од Градскиот трговски центар води кон Плоштадот.

    „Секој ден почнувајќи од петок до 31 декември ќе има музичка програма, два часа детска програма, а три часа концерти и настапи на повеќе пејачи, бендови и ди џеи. За време на викендите ќе има целодневна програма. Годинава ќе имаме поинаква елка односно дигитална која ќе биде пуштена в петок кога ќе биде отворен и ‚Винтерленд‘. Минатата година ‚Винтерленд‘ побуди голем интерес кај нашите сограѓани, а јас сум убеден дека годинава ќе биде посебна на свој начин и ќе привлече уште повеќе посетители“, рече градоначалникот Шилегов.

    Од синоќа улиците и булеварите низ градот се украсени со новогодишни светилки. Новогодишното украсување чини 270.000 евра, а „Винтерленд“ 97.000 евра.

    За дочекот на Нова година на Плоштад Македонија ќе пее босанскиот пејач Дино Мерлин.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира