ОТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГА ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ, ОСТАНАЛА ДОЛЖНА ВО КАМПАЊАТА НА ТРИ ФИРМИ, МЕЃУ КОИ И НА СЕСТРАТА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ

    ОТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГА ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ, ОСТАНАЛА ДОЛЖНА ВО КАМПАЊАТА НА ТРИ ФИРМИ, МЕЃУ КОИ И НА СЕСТРАТА НА ОРЦЕ КАМЧЕВМВР од утрово бара докази во три оштетени фирми на кои ВМРО-ДПМНЕ не им платила за набавка на пропаганден материјал и за услуги за предизборната кампања за претседателските избори во април и мај 2019 година. - Од предизборен митинг на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова (Фото: СДК.МК)

    По налог на Скопското обвинителство, МВР од утрово бара докази во три оштетени фирми на кои ВМРО-ДПМНЕ не им платила за набавка на пропаганден материјал и за услуги за предизборната кампања за претседателските избори во април и мај 2019 година. Една од фирмите е на сестрата на Орце Камчев, осомничен во „Империја“ и главен сведок во предметот „Рекет“ против Катица Јанева и Бојан Јовановски.

    Неофицијално, обвинителството е во предистражна постапка против должникот ВМРО-ДПМНЕ и не врши претрес кај фирмите, туку собира документација како доказ против осомниченото правно лице. Засега не е познато дали предистражната постапка е насочена и кон физички лица од раководството на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

    Од МВР ја потврдија информацијата, но и оттаму ги негираат информациите дека се вршело претрес во фирмите.

    Предистражната постапка била отворена по ревизорскиот извештај кој утврдил дека партијата ја затворила сметката од предизборната кампања со неплатени долгови кон доверители во висина од над 400 илјади евра.

    Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да има непокриена дупка во извештаите од потрошените и исплатените пари за кампања по изборните циклуси. Додека беа на власт, уште во времето на Никола Груевски, незаконски ги затвораа сметките и со дупки од 3, 5 милиони евра и никогаш обвинителството не поведе истрага.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира