“Собранието стои на располагање да свика седница ако треба да се донесе закон или друг акт со кој ќе се олесни надминувањето на последиците од катастрофалната поплава“, изјави кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, откако академик Владо Камбовски денеска го повика собранискиот спикер итно да повика собраниска седница и да побара извештај од Владата што презема и какви мерки има во план за спас и санирање на енормните материјални штети на настраданите во поплавите на шести овој месец.
Во реакцијата на Кабинетот не стои дека Собранието ќе свика седница посветена на катастрофалната поплава во селата под Скопска Црна Гора, туку само дека стои на располагање ако има потреба да се состане. И покрај тоа што спикерот и пратениците имаат законско право да побараат да се свика итна седница, сепак, оставено е тоа да го побара некој друг.
Камбовски предложи на итната собраниска седница за поплавите да се донесе закон за забрана на сите нестопански инвестиции, освен оние кои се од важност за безбедноста на државата и нивно пренасочување за потребите на илјадниците граѓани кои претрпеа стравотна материјална штета, изгубија најблиски, ги изгубија домовите.
“Еве шанса Собранието да смогне сили и да стави крај на нерационалните трошења на Владата. Седница мора да има. Ова не е појава која се случила еднаш во илјада години. Ако се случила еднаш, ќе се случи пак“, изјави Камбовски за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Камбовски прашува каде е реакцијата на Собранието на Република Македонија, 22 граѓани загинаа во катаклизмата со поплавите? „Премиерот Емил Димитриев и министрите од Владата итно пред парламентот да објаснат зошто Владата е збркана, како се справува со последиците од поплавите, зошто луѓето од поплавените подрачја се оставени сами на себе?“, вели тој.
А деновиве на поплавените места, освен ретки исклучоци, пратениците воопшто ги немаше на терен. Вељаноски досега не се појави ниеднаш.
ВЕЉАНОСКИ ЧЕКА НЕКОЈ ДА ПОБАРА СВИКУВАЊЕ СЕДНИЦА ЗА ПОПЛАВИТЕ
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)