Во Студенчишкиот канал во Охрид и по неколку дена од потонувањето на бродот „Лихнида“ плива нафта. Нафтената дамка ја има зафатено средината на каналот, веднаш до местото каде што потона бродот.
Во ова време, во каналот свое зимувалиште имаше познатата охридска плашица, а сега речиси воопшто ја нема.
„Годинава, плашицата ја нема во каналот. По минатогодишниот помор на повеќе од половина тон, оваа риба најде други зимувалишта. Се сомневам дека воопшто ќе дојде на овој дел од брегот. Во предходните сезони при големи невремиња плашицата спас наоѓаше во Студенчишкиот канал, бегајќи од други делови на охридскиот брег“, велит охридски рибар.
Студенчишкиот канал, покрај оние до брегот на Пештани и Радожда кај Струга, е едно од најголемите природни зимувалишта на плашицата.
Д. ЧУБРИЌ