ПЛАСИДО ДОМИНГО ДОБИ АПЛАУЗ И ОВАЦИИ ОД ПОЛОВИНА ЧАС ВО МИЛАНСКА СКАЛА И ЈА БАКНА СЦЕНАТА

    ПЛАСИДО ДОМИНГО ДОБИ АПЛАУЗ И ОВАЦИИ ОД ПОЛОВИНА ЧАС ВО МИЛАНСКА СКАЛА И ЈА БАКНА СЦЕНАТАПо објавувањето на обвинувањата на оперските пејачки за сексуално малтертирање, сите оперски куќи во САД ги откажаа неговите настапите на Пласидо Доминго, но европските не. - Доминго на настап во Хамбург на крајот на ноември. (Фото: АП)

    Оперската ѕвезда Пласидо Доминго доби стоечки овации на неговиот гала концерт за прослава на 50-годишнината од првиот настап во миланска Скала, а на публиката ѝ возврати со редок а капела настап. Додека стоеше сам на сцената со три жолти рози во рацете, Доминго на публиката ѝ ја испеа една од неговите омилени шпански песни „Нон пуеде сер“ (Non Puede Ser). Претходно, имаше аплауз од половина час за Доминго и неговите колеги, хорот и оркестарот, како и два биса. На третиот бис излезе сам.

    Седумдесет и осумгодишниот Доминго изгледаше пресреќен од приемот, и во еден момент ја бакна сцената на која за првпат настапил на 7 декември 1969 во насловната улога на „Ернани“ од Верди. Во богатата кариера, тој пеел 135 пати во 22 опери во Скала.

    Годишнината од настапот во Милано се совпадна со годината во која беше објавен скандалот против него, кога повеќе од 20 жени го обвинија за сексуално вознемирување или несоодветно сексуално однесување. По објавувањето на приказните на жените, сите оперски куќи во САД ги откажаа неговите настапи, но европските не.

    Доминго ги отфрли обвинувањата, и после подолг период со молк, од неодамна почна да дава интервјуа за европски медиуми. Во нив тој тврди дека секогаш се однесувал како џентлмен и дека никогаш не ја злоупотребил моќта. Шпанскиот тенор вели дека планира да продолжи со настапите, со сигурност барем до 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира