ЖИТЕЛИТЕ НА ВЛАЕ ДОБИЈА КАНТИ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАДОТ

    ЖИТЕЛИТЕ НА ВЛАЕ ДОБИЈА КАНТИ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАДОТВо една канта ќе се фрла сув отпад-пластиката, хартијата, металот, стаклото, а во друга биоразградливиот отпад, односно остатоците од храна, овошје, зеленчук, месо, лисја, цвеќе.(Фото: Комунална хигиена)

    Жителите на скопската населба Влае од денеска ќе го селектираат отпадот. Со пилот-проектот на 500 домаќинства им беа доделени канти за селекција на отпад. Во една канта ќе се фрла сув отпад-пластиката, хартијата, металот, стаклото, а во друга биоразградливиот отпад, односно остатоците од храна, овошје, зеленчук, месо, лисја, цвеќе.

    „Покрај сувиот дел од комуналниот отпад што веќе се преработува, планираме во целост да ја искористиме и преработиме и влажната фракција на отпадот, за што веќе имаме нацрт-проект за компостирање на биоразградливиот отпад, што следната година ќе започне да функционира во нашиот Центар за селекција во Вардариште, a го изработи консултантот од САД, Џеф Гејџ. Ги повикуваме граѓаните да го селектираат својот комунален отпад  и на тој начин да ни се придружат во остварувањето на нашата визија за почисто Скопје и поздрава животна околина“, рече директорот на  ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

    Отпадот ќе се добира два пати во неделата, со посебни камиони.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира