Осма година по ред, традиционално членови од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, големи вљубеници во планината, првото изгрејсонце во Новата година го дочекаа на врвот Пелистер. Кон врвот да се искачуваат тргнаа во еден часот по полноќ.
„Повторно како и секоја година традиционално, осма година по ред, и овој пат во екстремни услови успеавме да се искачеме на врвот Пелистер под водство на Влатко Крбалески и таму да го дочекаме првото изгрејсонце во Новата година“, велат планинарите.
Во екипата, освен Влатко Крбалески беа и планинарите Иванчо Тошевски, Елена Давитковска, Менде Давитковски и Саше Најдовски.
Ж. ЗДРАВКОВСКА