УКРАИНА ПАДНА ВО ПОСЛЕДНАТА СЕКУНДА, РАКОМЕТАРИТЕ СО ПОБЕДА ГО ОТВОРИЈА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    УКРАИНА ПАДНА ВО ПОСЛЕДНАТА СЕКУНДА, РАКОМЕТАРИТЕ СО ПОБЕДА ГО ОТВОРИЈА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОГо реши победникот со голот во последната секунда. - Кире Лазаров (Фото: Фејсбук)

    Машката ракометна репрезентација по голема драма во последните десет минути ја совлада Украина со 26:25 на стартот на Европското првенство, чии домаќини се Австрија, Шведска и Норвешка.

    Избраниците на Данило Брестовац играа сигурно во поголемиот дел од средбата, особено во одбрана, но на крајот им требаше гол на капитенот Кире Лазаров во последната секунда за да дојдат до првата победа во Виена.

    Македонија постојано одржуваше предност од три-четири гола сѐ до 50. минута, кога Украинците првпат успеаја да израмнат и потоа благодарение на неколкуте одлични одбрани на Митревски останавме во игра за победа. Тоа беше потврдено со ударот на Лазаров на самиот истек на средбата.

    Вториот меч Македонија го игра в недела, а противникот е Чешка (16 часот).

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира