БРОЈКАТА НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ СЕ ИСКАЧИ НА 80, КИНА ГИ ПРОДОЛЖИ НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ ДО НЕДЕЛА

    БРОЈКАТА НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ СЕ ИСКАЧИ НА 80, КИНА ГИ ПРОДОЛЖИ НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ ДО НЕДЕЛАПремиеорт Ли Кечијанг, вториот најмоќен човек во Кина, денеска го посети Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот. (Фото: Кинеска влада)

    Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, со речиси 3.000 заразени. Во обид да го запрат ширењето на болеста, кој има слични симптоми со грип, кинеските власти ги продолжија новогодишните празници за три дена, до недела.

    Денеска, кинескиот премиер Ли Кечијанг го посети Вухан, главниот град на провинцијата Хубеи, каде што почна епидемијата. Бројот на мртви во провинцијата Хубеи се искачи од 56 на 76, а четворица други починаа на други места. Вухан е под карантин и неколку други градови ги ограничија патувањата.

    Вкупниот број на потврдени случаи на заболени од коронавирусот во Кина е 2.744, од кои 461 се во критична состојба. 51 лице се пуштени од болница и излечени, соопшти Националната здравствена комисија.

    Во Кина се неработни денови до од 24 до 30 јануари поради лунарната нова година на 25 јануари, но поради епидемијата на коронавирус, властите ги продолжија празниците до 2 февруари.

    Најмалку 44 случаи се потврдени надвор од Кина, вклучувајќи ги Тајланд, САД и Австралија. Надвор Кина нема починати од коронавирусот, кој предизвикува инфекција на дишните патишта и засега нема лек или вакцина. Најголем од починати се постари луѓе или луѓе со хронични болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира