Бројката на починати од новиот коронавирус сега изнесува 106, а случаите на нови заразени речиси двојно се зголемени за еден ден, соопштија кинеските власти. Бројот на вкупно заразени во Кина се искачи на 4.515 на 27 јануари, споредено со 2.835 ден претходно.
Ограничувањата за патувања се затегнати и носењето маски во јавност сега е задолжително во некои градови. Градот Вухан е во епицентарот на заразата, но таа се прошири низ Кина и надвор од земјата. Вухан, и целата Хубеи провинција во која е лоциран, се практично во карантин, со забрана за транспорт во и надвор во регионот.
Коронавирусот предизвикува сериозна инфекција на дишните патишта и засега нема лек или вакцина. Најголем дел од смртните случаи се постари луѓе и луѓе со хронични болести. Вкупно 60 луѓе се пуштени од болница откако закрепнале, според кинеските државни медиуми.