Македонската влада го поздравува планот на претседателот Трамп за решавање на израелско – палестинскиот конфликт, соопшти Владата.
„Република Северна Македонија ги поздравува екстензивните напори на САД под лидерство на претседателот Трамп, рефлектирани во неговиот план за решавање на израелско – палестинскиот конфликт. Статус квото не е одржливо; изразуваме надеж дека преку преговори ќе може да се дојде до долгопосакуваното решение за две држави, базирано на визијата за мир на Блискиот Исток”, се вели во владиното соопштение.
Македонската влада ги повикува лидерите на Израелците и на Палестинците да го искористат овој моментум и да демонстрираат јасна посветеност за постигнување на решение по пат на преговори за овој долготраен конфликт.
„Северна Македонија се залага за постигнување на траен мир и стабилност на Блискиот Исток: одржливо и фер решение на конфликтот, кое ги почитува легитимните интереси на двете страни и кое ги зема предвид релевантните резолуции на Обединетите Нации”, велат од Владата.