ПО ОДЛОЖЕНИОТ РАСПИТ, СЈО НЕДЕЛАВА ЌЕ И ГИ ДАДЕ НА УВИД ДОКАЗИТЕ НА ЈАНКУЛОСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО ОДЛОЖЕНИОТ РАСПИТ, СЈО НЕДЕЛАВА ЌЕ И ГИ ДАДЕ НА УВИД ДОКАЗИТЕ НА ЈАНКУЛОСКА

    Гордана Јанкулоска неделава ќе ги добие на увид доказите што Специјалното јавно обвинителство ги има против неа, потврдија од СЈО, откако вчерашниот распит на поранешната министерка за внатрешни работи беше одложен. Јанкулоска, која е третоосомничена во случајот „Тврдина“, вчера кусо се задржа во СЈО по што изјави дека со нејзиниот адвокатски тим побарала одложување на распитот за да се запознае со доказите, бидејќи, како што кажа, не може да се изјасни за нешто што се уште го нема видено.
    Пред Јанкулоска, на распит во СЈО се појави шефот на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, кој е второосомничен во случајот „Тврдина“ на СЈО. За „Тврдина“, третата истрага на СЈО, осомничени се петмина за уништување опрема за прислушување вредна 10 милиони евра. Првоосомничен е Горан Грујовски, поранешен началник на Петтата управа на МВР.
    Во понеделникот, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева кажа дека во наредниов период ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното обвинителство, но дека нема да открива детали за предистражните постапки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира