И ПОКРАЈ ЗАОСТРЕНИТЕ МЕРКИ, АВТОМОБИЛИТЕ И НАТАМУ СЕ ЕДНИ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАГАДУВАЧИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    И ПОКРАЈ ЗАОСТРЕНИТЕ МЕРКИ, АВТОМОБИЛИТЕ И НАТАМУ СЕ ЕДНИ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАГАДУВАЧИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈАНема јасен одговор кој загадува повеќе, дизелот или бензинот

    Транспортот учествува со 30-ина проценти во вкупната емисија на јаглероден диоксид во Европската Унија и автомобилите се најголеми загадувачи. До 2050 година, ЕУ планира да ги намали емисиите на стакленичките гасови за 60%, во споредба со нивото од 1990.

    Постојат два начина за намалување на емисијата на штетни гасови од возилата: производство на енергетски поефикасни возила и промена на погонското гориво. Поголемиот дел, односно 52 проценти од автомобилите во Европа денес користат бензин.

    Според податоците на Европската агенција за енергетика, додека сите останати сектори бележат намалување на емисијата на јаглероден диоксид, кај транспортот се зголемува.

    Нема јасен одговор кој загадува повеќе, дизелот или бензинот. Модерните дизел возила имаат помала емисија на јаглероден моноксид од некои бензински мотори, особено поради фактот што се поекономични и трошат помалку гориво. Но, при согорувањето на горивото, дизел моторот емитува повисоко ниво на цврсти честички во споредба со бензинскиот мотор.

    ЕУ во 1992 го претстави ЕУРО стандардот на емисија на гасови од моторни возила, што од година во година се заострува, со цел да се намали емисијата. ЕУРО стандардот ја опфаќа и мери емисијата на азотни оксиди, јаглерод моноксид, јаглеводород и цврсти честички (ПМ).

    Кај дизел возилата со Еуро 5 и повеќе е задолжително присуство на ДПФ катализатори со кои се задржуваат 99% од сите ПМ честички.

    Новите бензински мотори со директно вбризгување полека ја намалуваат просечната потрошувачка на бензинците, а со тоа ги намалуваат и ситните честички што се резултат на тоа согорување. Поради сѐ поголемата популарност на еко-буст бензинските мотори, ЕУ кон крајот на 2018 воведе ЕУРО 6б стандард, што ги наметнува истите ограничувања за емисијата на ситни честички и за дизелот и за бензинот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира