Властите на Пекинг наредија 14-дневен карантин за сите кои се враќаат во градот, во последен обид да се спречи ширењето на коронавирусот КОВИД-19.
На жителите им е кажано сами да се стават во карантин или да одат во посебни места за карантин откако ќе се вратат во кинеската престолнина по празниците. Оние кои ќе одбијат можат да бидат казнети.
Оваа мерка беше воведена откако Египет го пријави првиот случај на коронавирусот во Африка.
Во последните 24 часа починале 143 луѓе од коронавирусот, со што вкупната бројка порасна на 1.523, додека речиси 66.500 се заразени.
За да се спречи ширењето на вирусот, Кина го продолжи празникот за Лунарната нова година, период кога милиони луѓе се враќаат дома од други градови.
Надвор од Кина, има повеќе од 500 заразени во 24 земји, како и по еден починат во Филипини, Хонгконг и Јапонија.
Светската здравствена организација, во соработка со Кина, викендов ќе почне своја истрага за ширењето на вирусот, откако беше објавено дека се заразени повеќе од 1.700 здравствени работници во Кина, од кои шест починале.