УШТЕ ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДА НЕ СЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ ОД ХРАНА

    УШТЕ ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДА НЕ СЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ ОД ХРАНАВластите наредија полициски патроли во градовите во северна Италија во кои се воведени строги мерки на карантин (Фото: АП)

    Бројката починати од коронавирусот во Италија порасна на пет, додека 219 луѓе се заразени. Властите потврдија дека 84-годишник и 88-годишник починале во Ломбардија, северниот регион во кој што има најмногу заразени.

    До викендот, во Италија имаше само три регистрирани случаи, вклучувајќи и кинеска двојка која била во посета на Вухан.

    „Никој не очекуваше дека ширењето ќе биде така агресивно. Нема потреба да се прават залихи од храна, намирници има доволно. Мора да го одржиме нормалниот живот“, изјави претседателот на Ломбардија Атилио Фонтана.

    Властите наредија полициски патроли во градовите во северна Италија во кои се воведени строги мерки на карантин. Овие мерки опфатија 50.000 луѓе.

    Според најновите податоци, Италија е трета земја во светот според бројката на заразени, по Кина и Јужна Кореја, додека во Иран има 12 починати, а според некои тамошни медиуми, и 50, сите во светиот град Ком. Словенија и Хрватска најавија дека денеска ќе одржат кризен состанок, иако засега немаат пријавено ниеден случај.

    Европската комисија објави дека ќе издвои 230 милиони евра за мерките против ширењето на коронавирусот, но додаде дека засега не се размислува за суспензија на Шенгенскиот договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира