Грција денеска го потврди првиот случај на коронавирус.
Здравствените власти на Грција објавија дека тој е регистриран во Солун и дека станува збор за 38-годишна жена која неодамна патувала во северна Италија. Нејзиното семејство е ставено во карантин на 14 дена.
Северна Италија е дел од Европа кој е најпогоден од коронавирусот, при што во регионот Ломбардија има 258 заразени, а во Венето 71.
Во Италија досега починале 12 луѓе, а тамошните власти објавија дека се заразени и четири деца, од кои најмалото има четири години.