РИО ГО ПРЕДАДЕ ОЛИМПИСКОТО ЗНАМЕ НА ТОКИО НА КАРНЕВАЛСКА ЦЕРЕМОНИЈА НА ЗАТВОРАЊЕ НА ИГРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Рио,(агенции)

РИО ГО ПРЕДАДЕ ОЛИМПИСКОТО ЗНАМЕ НА ТОКИО НА КАРНЕВАЛСКА ЦЕРЕМОНИЈА НА ЗАТВОРАЊЕ НА ИГРИТЕ

Летните олимписки игри во Рио официјално завршија ноќеска и олимпиското знаме беше предадено на Токио, кој ќе биде домаќин на следното издание на Игрите во 2020 година. Олимпиското знаме беше собрано и здиплено на легендарниот стадион „Маракана“ за време на церемонијата на затворање, која наликуваше на карневал. rio-ceremonija-2 Градоначалникот на Рио де Жанеиро Едуардо Паеш му го врати знамето на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, кој го предаде на гувернерот на Токио Јурико Коике.rio-ceremonija-3Церемонијата на предавањето на знамето го симболизира крајот на Олимпијадата во Рио и транзицијата до 2020 година. Јапонија, следната земја домаќин, за време на церемонијата прикажа дека од она што ќе следува во Токио, модерни технологии измешани со традиционални вредности. Јапонскиот премиер Шинзо Абе, исто така, пристигна на „Маракана“ како „Супер Марио“, ликот од познатата истоимена видео игра. rio-ceremonija-4

Привремениот претседател на Бразил Мишел Темер не присустуваше на церемонијата и локалните медиуми претпоставуваат дека го направил тоа за да не биде исвиркан. Токио, пак, вети дека ќе промовира транспарентност и ќе стави крај на олимписките скандали и контроверзи.rio-ceremonija-5Следниот град домаќин сега ќе се фокусира на изградба на нови спортски објекти и инфраструктура, како нови булевари, облакодери, хотели и трговски центри, со што јапонската престолнина ќе добие уште помодерен изглед.rio-ceremonija-6

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира