ТОКИСКИОТ МАРАТОН СЕ ТРЧАШЕ ПО ПРАЗНИ УЛИЦИ

    ТОКИСКИОТ МАРАТОН СЕ ТРЧАШЕ ПО ПРАЗНИ УЛИЦИИ бројката учесници беше крајно ограничена (Фото: АП)

    Маратонот во Токио денеска се трчаше по празни улици и со само неколку стотици учесници поради ширењето на коронавирусот.

    Организаторите ја ограничија бројката учесници само на елитни тркачи и на атлетичари во количка, откако маратонот изминативе години редовно привлекуваше околу 38.000 луѓе. Беше ограничена и бројката на волонтери, додека на гледачите им се советуваше да избегнуваат масовни собирања покрај патеката и да го следат маратонот преку радио и телевизија.

    Етиопјанецот Бирхану Легесе победи втора година по ред, додека кај жените најбрза беше Лонах Корлима Чемтаи Салпетер од Израел.

    Токио ова лето ќе биде домаќин на Летни олимписки игри.

    Во Јапонија има повеќе од 200 заразени со коронавирусот, како и најмалку 621 позитивен случај на крузерот „Дајмонд принсес“, кој беше држен во карантин во пристаништето во Јокохама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира