ШИЛЕГОВ ПОБАРА ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА МУ ГИ ДАДЕ СПОМЕНИЦИТЕ ОД „СКОПЈЕ 2014“ ЗА ДА МОЖЕ ДА ГИ ТРГНЕ

    ШИЛЕГОВ ПОБАРА ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА МУ ГИ ДАДЕ СПОМЕНИЦИТЕ ОД „СКОПЈЕ 2014“ ЗА ДА МОЖЕ ДА ГИ ТРГНЕШилегов вели дека за дислокација на дел од спомениците не му требаат пари како за галиите во реката Вардар, бидејќи ЈП „Улици и патишта“ тоа може да го изведе како што беше случај со споменикот на Андон Лазов-Ќосето.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Град Скопје поднел барање до Општина Центар да му ги предаде спомениците од проектот „Скопје 2014“, за да може да ги дислоцира. Барањето е доставено денеска и сега треба да се види дали поради изборниот период, Советите на Општината и Градот можат да донесат одлука за примопредавање на сопственоста.

    Шилегов вели доколку сега не е можно ќе почека уште еден месец, но не отстапува од намерата центарот на Скопје да го исчисти од спомениците.

    „Одржување на спомениците и фонтаните годишно го чини Градот околу 500.000 евра. За мене и како човек и како политичар проектот ‚Скопје 2014‘ е неприфатлив бидејќи е ментална контаминација на скопјани особено на младите генерации. Зборуваме за град кој никогаш не бил ваков и нема ваква традиција која некој вештачки сака да ја наметне“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.

    Шилегов вели дека за дислокација на дел од спомениците не му требаат пари како за галиите во реката Вардар, бидејќи ЈП „Улици и патишта“ тоа може да го изведе како што беше случај со споменикот на Андон Лазов-Ќосето. За галиите кои се под негова надлежност, но му требаат 6 милиони евра за да ги обештети сопствениците, после изборите ќе бара пари од Владата.

    Градоначалникот Петре Шилегов најави ‘решавање‘ на проектот „Скопје 2014“ на 25 февруари, на трибината која ја организираше дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК на тема „Граѓанска зелена моќ – влијанието на граѓаните врз зачувување на јавниот интерес при урбанистичкото планирање.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира