Најмалку 70 луѓе се затрупани под урнатините на хотел кој служел како карантин за коронавирус, што денеска се урна во кинескиот град Куангжу во јужната провинција Фуџијн.
Спасувачите досега извлекоа 35-мина. Причината за уривањето хотелот уште не е позната, а не се знае ни дали има загинати.
Хотелот служел за карантин за мониторинг на луѓе кои имале блиски контакти со болни од коронавирус, а отворен е во 2018 и имал 80 соби.