Директорката на Кожната клиника во Скопје е позитивна на коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.
„Со огромно жалење за непочитување на мерките за превентива за заштита од коронавирус, морам да кажам дека пациентката е наша колешка, која по враќањето од Италија изминатите пет дена одела на работа. Добро е што немала контакт со пациенти во амбулантата. Ова е големо разочарување“, рече Филипче.
Во моментов целата екипа од Институтот за јавно здравје и епидемиолозите се на Клиниката за кожни болести, и како што рече Филипче, можно е целосно одделот да биде затворен и цеколупниот персонал и пациенти да бидат испратени на домашна самоизоалција.
Нејзината состојба е стабилна, кажа Филипче.
Б. НЕСТОРОСКА