СКОПСКИТЕ КИНА СИНЕПЛЕКС, МИЛЕНУМ И КИНОТЕКАТА ГИ ОТКАЖАА ПРОЕКЦИИТЕ

    СКОПСКИТЕ КИНА СИНЕПЛЕКС, МИЛЕНУМ И КИНОТЕКАТА ГИ ОТКАЖАА ПРОЕКЦИИТЕОд киното Милениум велат дека публиката која што има купено билети за некој од настаните во следниов период, истите ќе може да ги искористи за новите термини. (Фото: СДК.МК)

    Киното Синеплекс ќе се затвори, следејќи ја ситуацијата според препораките на Владата, објавија од синџирот кина во скопскиот „Сити мол“. Од киното велат дека јавноста за сите нови промени и одлуки, ќе биде навреме известена. Настаните ги откажаа и Младинскиот културен центар (МКЦ), киното Милениум и Кинотеката.

    По вчерашната одлука на Владата за повеќе мерки како затворање на воспитно-образовните институции, студентските домови, базените, забрана за собирање до 1.000 лица и препорака за откажување на настани со публика до 1.000 лица, сите државни театри, Филхармонијата и Националната опера и балет (НОБ) ги откажаа репертоарите до 24 март.

    „За сите нови термини навремено ќе информираме, а публиката која што има купено билети за некој од бројните настани во следниов период, истите ќе може да ги искористи за новите термини“, велат од МКЦ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира