НАСТАВНИЦИ ОД ОСНОВНО ЌЕ ДРЖАТ СКРАТЕНИ ЧАСОВИ ПРЕКУ ТРИТЕ КАНАЛИ НА МРТ

    НАСТАВНИЦИ ОД ОСНОВНО ЌЕ ДРЖАТ СКРАТЕНИ ЧАСОВИ ПРЕКУ ТРИТЕ КАНАЛИ НА МРТСо одлука на Владата сите воспитно-образовни институции ќе бидат затворени до 24 март, како превентивна мерка од ширење на коронавирусот. (Фото: K. Попов)

    Основците и децата на претшколска возраст од понеделник ќе може да следат едукативни содржини на трите канали на Македонската радиотелевизија (МРТ), соопшти Министерството за образование и наука (МОН) по одлуката на Владата воспитно-образовни институции да бидат затворени до 24 март, како превентивна мерка од ширење на коронавирусот.

    Содржините ќе бидет изведени од наставните програми по кои тие во моментов се едуцираат во училиштата и градинките.

    „Почнувајќи од понеделник на трите канали на МРТ во соодветни термини во текот на денот за кои јавноста ќе биде информирана во најкус можен рок, наставници од основните училишта ќе реализираат скратени училишни часови на сите јазици на кои наставата се организира во училиштата во земјата.
    Оваа неформална едукација преку таканаречена ТВ- училница ќе се реализира сé до повторното отворање на училиштата и градинките и нормално продолжување на формалниот воспитно-образовен процес. Апелираме до наставниците да покажат интерес и волонтерски да се приклучат во реализацијата на оваа иницијатива “, велат од Министерството по денешниот состанок со претставници на неколку институции од областа на образованието, УНИЦЕФ, претставници на граѓански организации и претставници од менаџментот на МРТ.

    Институциите ќе подготват план за организирање на наставата до завршување на учебната година, кој ќе биде објавен наскоро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира