ВЛАДАТА ДЕНЕС ЌЕ ОДЛУЧУВА ДА СЕ ЗАТВОРАТ ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ

    ВЛАДАТА ДЕНЕС ЌЕ ОДЛУЧУВА ДА СЕ ЗАТВОРАТ ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИНа пазарите во Скопје се работи со заштитни маски. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство на денешната владина седница ќе побара да се донесе одлука да се затворат сите затворени трговски центри. Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција кажа дека ќе побара целосно затворените трговски центри да не работат бидејќи тоа станува збор за затворен простор, со голема посета на граѓани и можност за ширење на вирусот.

    „Од синоќа Државниот санитарен инспекторат и Пазарната инспекција се на терен и проверуваат дали се почитуваат мерките. Кафулињата и кафеаните ги почитуваат мерките, работат до 18 часот. Се отвори прашање за пекарите и како тие да работат. Иако се тргнати масите, предлагаме ако е возможно воопшто да не се влегува во објектот туку да работат на принципот шалтерски систем“, рече Филипче.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира