КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА ОБЈАВИ ТЕЛЕФОНИ ЗА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ВО ИЗОЛАЦИЈА И НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА ОД ГРАДИНКИ И УЧИЛИШТА

    КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА ОБЈАВИ ТЕЛЕФОНИ ЗА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ВО ИЗОЛАЦИЈА И НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА ОД ГРАДИНКИ И УЧИЛИШТАСо одлука на Владата, затворени се сите воспитно-образовни институции, студентски домови, библиотеки, ресторани, кафулиња, игротеки и фитнес-сали. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за здравство објави листа на телефони за психолошка поддршка за граѓаниte и ранливи групи на пациенти, во соработка со Клиниката за психијатрија.

    Станува збор за психолошка поддршка на родители на деца од предучилишна и училишна возраст, на возрасни лица во самоизолација и на граѓаните во Општина Дебар и во Центар Жупа.

    Ова е листата на телефони:

    • Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ➡ 072/912-676
    • Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација ➡ 072/919-009
    • Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар ➡ 070/241-807

    Ќе се пружа и психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради КОВИД-19, а пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видеоврска на некоја од интернет мрежите (по договор).

    На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 13 лица со коронавирус, во Болницата во Дебар 5, а се чекаат резуталтите од тестирањето на 7 лица. Жителите на Општините Дебар и Центар Жупа се во изолација, а Министерството и Владата постојано апелираат граѓаните да седат дома, а тие што се враќаат од високо и средноризичните региони да бидат 14 дена во самоизолација.

    Со одлука на Владата, затворени се сите воспитно-образовни институции, студентски домови, библиотеки, ресторани, кафулиња, игротеки и фитнес-сали.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира