НЕ ПАТУВАЈТЕ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ ВРАТИТЕ ДОМА, АПЕЛИРАШЕ МИНИСТЕРОТ НИКОЛА ДИМИТРОВ

    НЕ ПАТУВАЈТЕ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ ВРАТИТЕ ДОМА, АПЕЛИРАШЕ МИНИСТЕРОТ НИКОЛА ДИМИТРОВМинистерот Димитров кажа дека можно е затворање на границите и во шенген зоната на ЕУ-Димитров на денешната средба на Советот за безбедност во претседателската вила. (Фото: Претседател на РСМ)

    Немојте да патувате, зошто секој момент се затвораат граници а ние немаме контрола на граничните премини на трети земји, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференцијата по вечерашната владината седница. Димитров кажа дека Министерството прави сѐ што може сите македонски државјани да се вратат во земјава.

    „Немојте да патувате. Утре секој што ќе реши да оди некаде, неизвесно е кога ќе се може да се врати во земјава. Од ден на ден се затвораат аеродроми и гранични премини. Апелирам до македонските државјани кои имаат регулиран престој во земјите каде што се, да не се враќаат дома. Приоритет ни се оние кои немаат регулиран статус и се затечени во странска земја, на граница или аеродром. На такви случаи работиме во моментов во Њујорк, Загреб и Виена“, рече Димитров.

    Тој кажа дека 200 македонски државјани биле заглавени на границата меѓу Унгарија и Србија, но со помош на Романија и Бугарија направена е нова траса на патување и се очекува утре наутро да пристигнат на граничниот премин Деве Баир.

    „Имаме најави дека и Европската унија ќе ги затвори границите во Шенген зоната за сите несуштински патувања, освен за лекари и товарни возила. Ова го кажувам само како илустрација колку е сѐ неизвесно. Време е да си седиме дома, да бидеме храбри и смирени“, рече Димитров.

    На денешната владина седница беше донесена одлука да се затворат сите гранични премини за странски државјани, а од среда попладне и Меѓународниот аеродром Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира