ЖИТЕЛИТЕ НА ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ПРЕГЛЕДУВААТ ДОМА ЗА ДА НЕ ОДАТ ВО АМБУЛАНТИ

    ЖИТЕЛИТЕ НА ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ПРЕГЛЕДУВААТ ДОМА ЗА ДА НЕ ОДАТ ВО АМБУЛАНТИКардиоваскуларните прегледи и мерење на шеќер во крвта ќе ги извршува специјалист кардиолот, волонтер во Црвен крст.(Фото: СДК.МК)

    Црвениот крст на Велес од денеска започнува со бесплатни здравствени прегледи кои ќе се одвиваат во домовите на велешани. Активноста се реализира партнерски со Општина Велес и ЈЗУ „Здравствен дом“ од Велес.

    „Целта е да се избегне посета на амбулантите каде има поголем број луѓе, а со тоа и големи шанси за ширење на коронавирусот. Ќе се вршат кардиолошки прегледи, мерење на шеќер во крвта и психолошка поддршка“, велат од Црвен крст на Велес.

    Прегледите се изведуваат во домовите на граѓаните, откако претходно тие телефонски ќе се пријават. Кардиоваскуларните прегледи и мерење на шеќер во крвта ќе ги извршува специјалист кардиолот, волонтер во Црвен крст. Тој ќе врши ЕКГ и мерење на шеќер во крвта на оние граѓани кои имаат потреба од редовна контрола, еднаш во неделата или во месецот.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира