ЏОНСОН ЈА СТАВИ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО КАРАНТИН

    ЏОНСОН ЈА СТАВИ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО КАРАНТИНЏонсон кажа дека карантинот ќе биде на сила најмалку до 11 април (Фото: Гети)

    Премиерот Борис Џонсон вечерва ја стави Велика Британија во карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, од кој досега починаа 335 луѓе во земјата, а речиси 7.000 се заразени. Тој ќе биде на сила најмалку до 11 април.

    „Коронавирусот е најголемата закана со која нашата земја се соочила во последните неколку децении. Дојде време кога сите мора да сториме повеќе. Мора да останете дома“, изјави Џонсон во телевизиско обраќање.

    Од дома ќе може да се излезе само за одење на работа, купување храна и лекови или за дневно вежбање. Се затвораат сите несуштински продавници и се забрануваат сите јавни собири со повеќе од двајца луѓе. Се затвораат и библиотеки, игралишта, теретани и верски објекти. Парковите ќе останат отворени, а дозволени се и погреби.

    „За три недели ќе ја разгледаме ситуацијата одново и ќе ги олесниме мерките ако има можност за тоа“, кажа Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира