ДРЖАВАТА ИМ НАЛОЖИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ДА ИЗДАВААТ ВАУЧЕРИ ЗА ПРОПАДНАТИТЕ ПАТУВАЊА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ДРЖАВАТА ИМ НАЛОЖИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ДА ИЗДАВААТ ВАУЧЕРИ ЗА ПРОПАДНАТИТЕ ПАТУВАЊА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТВаучерите што ќе ги издаваат туристичките агенции ќе важат за кое било патување до јануари 2021, најави министерот за економија Крешник Бектеши. (Фото: К. Попов)

    Туристичките агенции ќе издаваат ваучери за да може да ги обесштетат клиентите чии патувања се откажани поради заразата со коронавирус, во висина на уплатата што им пропаднала. Ваучерите тие ќе може да ги искористат за друго патување, најави уредба на Владата министерот за економија Крешник Бектеши.

    Во првичната верзија на текстот стоеше дека туристичките агенции ќе добијат ваучери од државата, како што беше презентирано на прес-конференцијата на министерот за економија Крешник Бектеши. (Принтскрин од прес-конференцијата на Бектеши)

    Ваучерите ќе важат за кое било патување, заклучно до јануари 2021. Издавањето на ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира во согласност со двете страни.

    „Ако во меѓувреме некоја агенција затвори и прекине со вршење на дејноста, ќе има обврска парите во целост да им ги врати на клиентите“, рече Бектеши.

    Агенциите што нема да ги следат упатствата за добивање и издавање на ваучерите, ќе добијат прекршочни и кривични пријави.

    За поддршка на економијата ЗАМП  донесе одлука да ги ослободи од плаќање авторски права рестораните, кафулињата  и други угостителски објекти.

    Бектеши кажа дека сите барања на туристичкиот сектор ќе бидат прифатени, за да не пропадне.

    Владата донесе Уредба со законска сила и за примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба. На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба. Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира