ДОКТОРКА ОД КУМАНОВО E ЕДНА ОД ПЕТТЕ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО ОПШТИНАТА

    ДОКТОРКА ОД КУМАНОВО E ЕДНА ОД ПЕТТЕ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО ОПШТИНАТАЗаболената докторка вели дека не знае од кого точно го добила вирусот, но имала контакт и со првата почината пациентка од коронавирус во земјава. - Кумановската болница (архивска фотографија)

    Докторка-анестезиолог е една од петте новозаразени од коронавирусот во изминатите 24 часа во Куманово. Докторката информацијата за својата болест ја сподели на Фејсбук. Таа вели дека не знае од кого точно го добила вирусот, но имала контакт и со првата почината пациентка од коронавирус во земјава.

    „Да, позитивен ми е тестот на Ковид -19. Денес дознав. Можам само да претпоставувам од кого го добив вирусот, не да тврдам. За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто да најдат. Имав контакт службено и со заболената која почина, имав контакти и со ’здрави‘ луѓе на работа. Не шетав никаде надвор од Македонија. Не знаеме кој е носител, а навидум е здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа седете дома. Вие кои не морате да одите на работа, не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од 2 метра ако веќе морате. Користете мобилен за муабет. Јас еве сега ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома, да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат. Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата. Не се плашам за мене, се плашам за другите. Засега сум ок, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг симптоми“, напиша докторката на Фејсбук.

    Неофицијално, во Кумановската болница позитивни тестови на коронавирус пристигнале за уште еден лекар и на една медицинска сестра. Лекарите и медицинскиот персонал се жали дека нема соодветна заштитна опрема на инфективното одделение, освен обични маски и ракавици. Пред два дена на одделението почина жена, а син ѝ е позитивен на коронавирус. Претходно двата теста ѝ биле негативни. Во Куманово има осум заболени од коронавирус, а денеска 5 нови случаи.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира