33-годишна битолчанка е обвинета дека не постапила според прописите за време на полицискиот час и во алкохолизирана состојба лежела на улица Прилепска во Битола, соопштија од Основното јавно обвинителство. Таа била затекната од полициските контроли половина час по полноќ.
Против неа и против уште еден битолчанец Обвинителство од Битола поднесе предлози за издавање казнени налози за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Другото обвинето лице е 18- годишен жител на Битола, кој во 1,25 часот со патничко возило „рено 19“ без регистарски таблици се движел по улица 8 Септември.
На секого од двајцата обвинети Основниот суд Битола ќе им изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Ж. ЗДРАВКОВСКА